ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев се свесни дека нема да добијат поддршка на локалните избори

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев се свесни дека на локалните избори на 15 октомври нема да ја добијат поддршката од граѓаните.

СДС и Заев поради страв и паника дека ќе ги загубат локалните избори, пуштија на слобода криминалци.

Наместо програма, проекти и решенија главниот адут на СДС и Заев се криминалците и прекршителите на законите кои ќе бидат ставени во погон на претстојните локални избори.

Во исто време додека го ослободија Бајруш поради цитираме „здравствени причини“, тој од кафеана насмеан го поздравува Заев. Ова е порака дека криминалците кои ги штити СДС се над законот. Ова е изигрување на правдат.

Ваквиот потег значи дека за СДС и Заев не се сите еднакви пред законот. Ова значи дека тие ги делат луѓето на оние кои се за СДС и за кои не важат законите и на другата страна сите останати. Заев ослободува познати криминалци кои треба да одработуваат за него на наредните избори.

Со пуштање на Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу на слобода СДС и Зоран Заев станаа синоним за бандитизам, криминал и насилство.

Граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври ќе го казнат ова расипничко и криминално владеење на Зоран Заев и СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“