ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев единствено што знаат е деструкција, криза и евтин политички популизам

Од:

„Владата на СДС си поигрува и ги потценува граѓаните наместо да работи на исполнување на ветувањата.

СДС ветуваше раст на економијата од 5 до 7% на годишно ниво, но владата на Зоран Заев сега смета дека може да оствари раст од само 2,2% или 0,8% процентни поени помалку од растот што го проектираше ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се цели 25% помалку.

За да се оствари растот треба работа, визија и знаење, а не блокади, укинувања и најави за уривање.

СДС најавуваше зголемување на капиталните инвестиции, а сега владата на Зоран Заев со предложениот ребаланс истите ги скрати за 3 милијарди денари. Тоа се цели 50 милиони евра помалку за капитални инвестиции од проекциите кои ги имаше владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова се потврдува дека владата на СДС не е реформска, туку антиреформска.

За овие месец дена единствено што и успева на владата на Зоран Заев е полнење на државните институции со членови на СДС и некомпетентни и неискусни кадри на Сорос.

СДС и Заев единствено што знаат и умеат е деструкција, криза и евтин политички популизам од кои нема полза ниту државата, ниту граѓаните.

СДС треба да се фатат за работа, бидејќи граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за минимална плата од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари. Пензионерите очекуваат повисоки пензии, а докторите плати од 100.000 денари“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава