ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Талат Џафери сакаат да спроведуваат диктатура во Собранието

Од:

„СДС и Талат Џафери ја оневозможуваат демократијата во Собранието на Република Македонија.

Талат Џафери кој со поддршка на СДС го узурпира претседателското место во Собранието сега врши вистински терор во Законодавниот дом. Во само два месеци Џафери има повикано обезбедување во собраниската сала повеќе отколку сите негови претходници заедно во изминатите 26 години.

Во Собранието на Република Македонија кое е сржта на парламентарната демократија тие сакаат да спроведуваат диктатура, да одлучуваат кој и кога ќе зборува од собраниската говорница и свесно да не го почитуваат Деловникот за работа, а кој ќе се повика на правилникот да го отстранат од собраниската сала.

Со насилни интервенции на обезбедувањето, СДС и Џафери ја оневозможуваат дебатата и сакаат да ги спречат демократските права и процеси токму во местото кое е срцето на демократијата.

Преку скандали, терор и кршење на Изборниот законик, СДС сакаат да избегнат дебата за клучните политички теми во моментов во Македонија како што се неуставниот закон за јазици, националната стратегија за населување на мигранти во Република Македонија и штетниот договор кој што владата на Заев го склучи со Република Бугарија со кој се откажаа од многу позиции кои што многу значат за зачувување на државниот и националниот интерес.

СДС и Талат Џафери сакаат да избегаат од темите кои вистински ги обременуваат граѓаните, и се обидуваат да ги блокираат дискусиите за струшката депонија и за пожарите.

Со ваквиот начин преку гушење на работата на Собранието СДС не сака да се дебатира, не сака да прифати друго мислење ниту да прифати критика за многуте погрешни политики кои ги направи за краток период, како и неспособноста за водење на држава и негрижата за граѓаните на Република Македонија. Со ваквиот начин на работа СДС гази врз волјата на мнозинството граѓани 454.000 кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ

Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ