ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче го враќаат Жерновски во раководните структури

Од:

Во СДС претседател на хартија е Филипче, меѓутоа доказ за тоа дека вистинскиот претседател е Заев, е тоа што Жерновски се враќа на политичката сцена како дел од раководството на СДС. Жерновски е еден од најголемите соработници на Заев, заради кој се откажа од претседателско место во друга партија, за да биде член на раководството на СДС предводена од Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС кубури со кадар, нема нови луѓе, младите не им даваат поддршка, а оние кои се тепаа за фотелји 30 години наназад, како што е Жерновски, немаат проблем да работат во интерес на Заев и Филипче.

Истиот тој Жерновски, кој ги вработуваше родителите и роднините на советниците во општина Центар, родителите на протоколот на Заев, човек кој ги партизираше институциите во неговото раководење со општина Центар, дојде ред да зборува за тоа како треба да се води држава. Еве воедно и да го прашаме СДС, можат ли да ни кажат една добра работа што токму тој ја има направено?

Жерновски, Заев и Филипче, и сличните на нив, треба што поскоро да престанат да се занимаваат со политика, бидејќи поради таквите како нив, системот е трул, корумпиран и криминализиран. Сепак, граѓаните имаат среќа, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи овие луѓе да дојдат до можност да ни ја водат државата. Затоа што заедно со граѓаните ќе ги поразиме уште повеќе на следните избори. Времето на Македонија доаѓа – ги градиме темелите на промените! П.С. Што е следно, после Жерновски и Фрчковски, СДС ќе ги враќа Црвенковски и Бучковски, велат од партијата

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите