ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ да го поддржат Законот за продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ, за да се стави крај на хаосот

Од:

СДС и ДУИ да го поддржат Законот за продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ, за да се стави крај на хаосот. И СДС и ДУИ имаат шанси да помогнат да се стави крај на хаосот кој сами го создадоа. Владата по потпишувањето на договорот за промена на името, тврдеше дека нема да има вонредно укинување на патните исправи, туку како ќе истекува нивната важност, така ќе се обновуваат. Владата излажа. Не само што вонредно не се укина важноста на пасошите, туку и во меѓувреме МВР на Спасовски иако знаеле дека нема да важат издавале стари пасоши, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС и ДУИ ја закочија државата, целосно го ставија во опасност правниот промет и сообраќајот во државата, ги понижија граѓаните и создадоа тесно грло во МВР преку свесно оставање на институцијата без доволно обрасци пред техничка влада. Се што прават СДС и ДУИ е во насока на уништување на државата. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито