ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги оштети македонските пензионери за 5.500 денари годишно

Од:

„СДС ги оштети македонските пензионери за 5500 денари годишно.

Да почитувани пензионери, СДС ве оштети за 5500 денари годишно, пари кои истите ќе ги добиевте доколку се реализираше предвиденото покачување на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, со кое ќе добиевте 7600 денари годишно, со СДС добивате само 2160 денари, што е разлика од 5500 денари.

Да почитувани пензионери СДС од нашите џебови зеде 5500 денари. Пари кои ќе ги имавме доколку СДС не беше на власт.

Луѓето кој се збогатиле лесно во периодот на транзицијата неможат да разберат што значат овие пари за пензионерите.

СДС никогаш не се грижело за доброто на граѓаните. Ветувања на брда и планини, а остварување на пустош и уништени човечки судбини.

СДС расипнички располага со државната каса. СДС се расфрла со парите на граѓаните одвојувајќи милиони за набавка на мебел и секаков инвентар за министерските кабинети.

Владата за само сто дена ја задолжи Република Македонија за 170 милиони евра, а дополнително од државните девизни резерви стопија 170 милиони евра. Тоа се над 340 милиони евра за кои никој не знае каде завршија.

СДС задолжи над 340 милиони евра, не отпочна ниту еден капитален проект, ги закочи постојните, не набави нова опрема за некоја болница или училиште, и притоа никој не знае на што се потрошени нашите пари, кои утре нашите деца треба да ги враќаат. 340 милиона евра задолжени, ништио не реализирано, а притоа ни пензиите не се покачени.

Заради ваквото расипништво и негрижа граѓаните на претстојните локални избори 15 октомври ќе го казнат СДС“, изјави Методија Гочевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски