ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги организираше најнедемократските избори во историјата на независна Македонија

Од:

„СДС ги организираше најнедемократските избори во историјата на независна Македонија. Целата изборна кампања помина во светло на изборен поткуп, уцена и закани врз гласачите, додека во текот на изборниот ден беше спроведен т.н. бугарски воз, со што кутиите беа полнети со гласачки ливчиња однапред заокружени за СДС.

Медиумите веќе објавија докази за бугарски воз и како тој бил спроведен, беа објавени докази за спроведен бугарски воз во Карпош, Охрид, Велес, Струмица, Гевгелија, Берово и Делчево, а пронајдени се две гласачки ливчиња со ист сериски број во Ресен.

Имајќи ги во предвид доказите со кои располагаме и фото и видео материјалите објавени во медиумите станува јасно дека власта изврши тежок изборен криминал, систематски спроведен.

Дополнително загрижува фактот што медиумите секојдневно излегуваат со нови докази за изборни криминали, а изборниот криминал, во вид на поткуп на гласачи и уцени продолжува и во вториот круг.

ДИК стана соучесник во сето ова, занемарувајќи и релативизирајќи очевидни факти и докази, со што се стави во функција на прикривање на изборните криминали на СДС.

ВМРО-ДПМНЕ за сите претставки упатени до ДИК, а одбиени од истата, ќе го искористи правото на жалба пред Управниот суд. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи некој да ја уништува демократијата и правната држава во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува ОБСЕ и ОДИХР да ги нотираат овие очевидни криминали, да застанат на страна на демократијата, правото на глас и слободата како врвни вредности на цивилизираниот свет, да ги осудат и санкционираат ваквите криминали.

ВМРО-ДПМНЕ дополнително ги уверува сите прекршители на законите, кои со цел да се додворат на врхушката на власт вршат изборни криминали и редица други прекршоци дека со враќањето на демократијата и правната држава ќе одговараат за криминалот и штетата нанесена врз граѓаните и државата, казната за криминалот нема да биде избегната од никого“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Зелен кеј, модерни вело рути и безбедни јавни простори конкретни проекти за Ѓорче Петров

СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања

(ВИДЕО) Ристески: Четири години на ВМРО-ДПМНЕ, четири години застој, разочарувања и нула резултати во Аеродром!

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

А1он

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

А1он

(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

А1он