ВМРО-ДПМНЕ: СДС е најбугарската партија во Македонија

Од:

СДС е најбугарската партија во Македонија, тие не се оградија од ставот на Заев и коалициониот партнер Георгиевски дека Бугарите биле ослободители. Првин Заев, сега и Георгиевски велат дека Бугарите се ослободители. Ковачевски само ги следи и спроведува нивните политики. Ковачевски е послушник на Заев и Георгиевски, и затоа не смее да ги осуди негаторските изјави на неговите ментори, соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму апелираат „Ковачевски да се образува историски, да смогне сили и да се одрече од коалицијата со луѓе кои тврдат дека Скопје е ослободено заедно со Бугарите, а во крајна линија што поскоро да распише предвремени парламентарни избори, на кои конечно комунистичката партија СДС ќе замине од политичката сцена во Македонија, а на сцена ќе дојдат политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе носат иднина за Македонија“.

„СДС е најбугарската партија, која предводи пробугарска коалиција. Жални и очајни се сите тезите на СДС, тие се партијата чиј претседател Заев кажа дека македонскиот јазик и бугарскиот јазик се ист јазик. Тие се партија која е во коалиција со Љубчо Георгиевски. СДС злоупотребувајќи ја историјата им донесе болна сегашност на македонските граѓани“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито