ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

Од:

Секогаш кога треба да се осуди криминал, СДС избира молк. СДС, под влијание на своите ментори и ПР-стратези од северот, се вброи меѓу ретките партии кои индиректно го поддржуваат Мадуро и неговиот режим. Додека демократскиот свет реагира, раководството на СДС молчи. Очигледно, Венко Филипче има поважни приоритети како зимски одмор и скијање во Гармиш-Партенкирхен, во друштво на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали СДС се откажа од стратешкиот партнер САД? Зошто СДС нема ниту став, ниту осуда за апсењето на еден од најпознатите симболи на режим, диктатура и нарко-картели? Молкот на СДС е показател дека СДС е далеку од вредностите на демократијата и слободата. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на меѓународните настани се јасни и доследни, а Македонија како членка на НАТО и партнер на САД ја поддржува стратешката соработка со своите сојузници, но истовремено принципиелно се залага за почитување на меѓународното право и дипломатски решенија. Во тоа нема никаква контрадикторност, туку одговорна и зрела надворешна политика за разлика од времето на СДС. СДС да не мисли дека ја „скија“ јавноста со бесмислени тези и соопштенија, додека Филипче скија во Гармиш-Партенкирхен со инструкторот Заев. Уште колку ќе трае скијачкиот одмор на Филипче и политичкиот хаос во СДС, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло