ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на ЛСД

Од:

СДС повторно го има лапнато апчето за заборавање на сопственото минато со кое самите себе си се обидуваат да заборават кои биле, што правеле и се замислуваат дека се нешто кое не се. За нивна жал тоа апче ако делува кај малкумината од нивното раководство, сепак не делува кај никој друг и затоа овие прес-конференции кои ги смислуваат во недостаток на компас и колку нешто да се каже демек жива е партијата, делуваат тотално одлепено. СДС е на ЛСД. Накусо можеме да кажеме и додека трипува така, ние би ги потсетиле што тие направија заедно со нивните другарчиња Бујар и Артан од националните интереси на државата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со Преспанскиот договор го срозија македонскиот идентитет, а со Договорот за добрососедство со Бугарија самите ја доведоа државата во подредена состојба што е рамно ма велепредавство, дозволувајќи и согласувајќи се дека мора да го промениме повторно, односно да го преформулираме сопствениот идентитет и сите негови одредници. СДС беше срам за државата и со своите меѓународни гафови и недостоинствено претставување ја доведе државата на ниво на кое и се смееја каде ќе стигнат и кој ќе стигне. Поданичкиот однос со распродавањето на државните интереси за СДС беше рака под рака со корупцијата која мислеа дека странците ќе им ја толерираат и ќе ги држат на власт се додека тие се продаваат како да се на улицата на црвените фенери во Амстердам. Сепак народот е свесен и знае и ние ќе се бориме за нашите интереси заедно со народот и убедени сме Македонија ќе победи, Македонија ќе успее – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?