ВМРО-ДПМНЕ: СДС – ДУИ – Алијанса ја претворија Македонија во мафијашка држава

Од:

СДС – ДУИ – Алијанса ја претворија Македонија во мафијашка држава, се пука во болници, а министерот се правда дека не е поврзано со здравството. Не е првото прашање дали пукањето кај тетовската болница има врска со здравството, туку зошто воопшто има пукање во државава, зошто има мафијашки пресметки како никаде на друго место, зошто толку палење коли? Пукањето во тетовската болница покажа само колку власта нема контрола над ништо, и колку е нарушен и девастиран системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Срамно е правдањето на министерот. Живееме во мафијашка држава. И второстепено е прашањето дали има поврзаност со состојбите во здравството. Не знаеме што е потрагично да има или да нема, а министерот да осеќа дека треба да се правда дека нема врска со здравството, тоа значи дека сепак некој му кажал дека здравството е на колена и дека ваква катастрофа немало од 90-та до денес.

Европската коалиција на СДС – ДУИ Алијанса оствари уште еден бенчмарк на патот кон ЕУ, се исполни поглавјето за пукање во болница, и ние сме во очекување на некое следно нивно постигнување. Нема криминална сцена која не се случила со нив, и да има ќе се случи, зошто никогаш не било полошо, и затоа важно е да ги поразиме – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски