ВМРО-ДПМНЕ: СДС да преземе мерки за намалување на загадувањето, а на тајните состаноци со Арсовска, Ковачевски да побара реакција и од градот

Од:

„СДС да преземе мерки за намалување на загадувањето, а на тајните состаноци со Арсовска, Ковачевски да побара реакција и од градот. 7 години откако е СДС на власт, а ниту една мерка за намалување на загадувањето не е преземена. Од потрошени 20 милијарди преку буџетите, ниту едно евро не е инвестирано за почист воздух“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС пред да дојде на власт имаше главно ветување дека ќе го намали загадувањето, 7 години подоцна воздухот е уште позагаден.

И не само што нема мерки на централно ниво, туку и во град Скопје, каде заедно со Арсовска ја делат власт, а и ЈСП кое директно го управуваат не прават ништо.

Наместо повеќе автобуси и автобуски линии, имаме хаос во ЈСП, а парите се трошат на договори за набавка на гориво, со кои претпријатието плаќа како да купува од бензинска, а не преку тендер тежок 27 милиони евра.

Ковачевски и Арсовска во интерес ги имаат само матните зделки, затоа Скопје и Македонија се гушат.

Потребни се промени и влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи на решавање на проблемите и подобра иднина на народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ