ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не се плаши од народот и да дозволи собирање на потписи за укинување на Договорот за Добрососедство

Од:

„СДС да не се плаши од народот. Собранието да дозволи да се собираат 150 илјади потписи за Референдум. Власта да не се дрзнува преку Собранието и Талат Џафери да го оневозможи референдумското изјаснување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Барањето со Иницијативата е поднесено согласно Законот за референдум до претседателот на Собранието, и нема правен основ тоа да не се одобри.

Доколку власта прибегне кон опструкции само ќе покажат дека се плашат од народот и се свесни дека тоа што го прават е во спротивност со волјата на народот.

Ја повикуваме власта да покаже минимум демократски капацитет, и не само да не го опструира референдумско изјаснување, туку да одиме и на предвремени парламентарни и претседателски избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски