ВМРО-ДПМНЕ: СДС да каже кога ќе организира отчет на нивните градоначалници или ќе дезертираат како Ковачевски од војска

Од:

„СДС да каже кога ќе организира отчет на нивните градоначалници или ќе дезертираат како Ковачевски од војска. Повеќе од една година помина од локалните избори, а градоначалниците од СДС се уште немаат направено отчети. Од што бегаат градоначалниците од СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Градоначалниците на Центар, Струмица, Валандово, Пробиштип, нема со што да се пофалат.

За разлика од нив градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат направено проекти во вредност од над 120 милиони евра.

За само една година, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат сработено колку цела влада, која има 10 пати поголеми средства на располагање.

Граѓаните ја гледаат разликата во местата каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, со претходните од СДС“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ