ВМРО-ДПМНЕ: Само во Врање се вакцинирани над 10.000 наши сограѓани, Филипче и Заев нека им рефундираат средства

Од:

„Секој ден нов поразителен податок за катастрофалното менаџирање со Ковид кризата од страна на Заев и Филипче. Поради неспособната власт 10 илјади македонски граѓани се вакцинираа само во Врање, а вкупната бројка кои спас од КОВИД19 најдоа пред се во Србија и соседството надминува 40.000 македонски граѓани. Овие лица плаќале цел живот даноци и здравствено осигурување, за сега во ситуација кога им се загрозени здравјето и животите, да мораат да одат во странство да се вакцинираат и да трошат дополнителни средства за таа цел“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче и Заев ги оставија граѓаните на цедило, без вакцини тогаш кога најмногу требаше. Затоа смртноста во Македонија од КОВИД 19 е огромна и кој знае колку животи ќе се спасеа ако масовната вакцинација почнеше во јануари или февруари.

Сега власта ако има барем грам доблест ќе прифати одговорност и ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за рефундирање на средствата на граѓаните кои поради немањето вакцини во Македонија се вакцинираа во странство. Тоа е најмалку што власта може да стори да ја исправи оваа неправда кон оние кои со вакцинирањето во соседството го заштитија своето здравје, здравјето на најблиските и придонесоа за јавното здравје“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ