„Само Шилегов и СДСМ може да почнат мост, а тој да не продолжува кон булевар, туку во куќа. Шилегов и СДСМ почнале изградба на мост а не направиле пристап до истиот. Околу 100-тина нерешени предмети за експропријација и имотно правни проблеми треба да се решат па да може да се изградат приоди до мостот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Стефан Васев од СДСМ.
„Пред воопшто да почне со градба на мостот Шилегов требал да ги реши сите пропратни работи, а не да остави куп нерешени предмети и да се фали дека нешто почнал да работи, а всушност ништо не направил.
За разлика од аматерскиот пристап на Шилегов сега ќе има систематско решавање на проблемите на граѓаните“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
