ВМРО-ДПМНЕ: Само негаторските кругови во Софија и антимакедонската СДС гледаат демократски вредности во анахрон договор

Од:

„Договорот со Бугарија е коренот на асимилаторските и негаротските уцени кои се упатени кон Македонија. Токму со Договорот со Бугарија се формираше рамка и оправдување на барањата на Бугарија кои задираат во македонскиот идентитет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал, спротивно на волјата на народот и спротивно на експертската јавност, антимакедонецот Ковачевски дозволи преку Комисијата да се менуваат македонските учебници и историски факти за личности и настани.

Антимакедонецот Ковачевски ги презентира “отровните плодови“ кои ги роди “отровното дрво“ наречено Договор со Бугарија, како успех. Тоа е бесрамност, однароденост и одлепеност од реалноста.

Овој процес ако не се спречи нема да има крај, туку напротив води кон целосна асимилација преку нови понижувалки, уцени или кон бескрајно вето.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува на сенародно обединување и отфрлање на договорот преку референдум.

Овој договор е билатерален и нема апсолутно никакви европски вредности содржани во него. Напротив спротивставување на ваков анахрон договор е европска вредност и принцип. Чудно е што демократски вредности во негирање на македонскиот јазик, култура и историја гледаат само негаторските кругови во Софија и СДС. Оттука да не се чудат што се антимакедонска партија.

Народот јасно кажува дека е против Договорот и понижувањата кои произлегуваат од него. Власт која го игнорира својот народ е осудена на пораз. Тоа ја чека и оваа ненародна власт предводена од антимакедонецот Ковачевски“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски