ВМРО-ДПМНЕ: Само Македонија има аболиран за криминал Премиер

Од:

„Само СДСМ и Зоран Заев немаат став за аферите и криминалите во кои се до гуша.

Само Зоран Заев е единствениот Премиер во Европа кој се става во заштита на криминалот, од едноставна причина затоа што тој го произведува.

Само Македонија има аболиран за криминал Премиер и Премиер кој го фатија како шибицарски бара поткуп од 200 илјади евра, а политизираното судство го одбрани.

Само во Македонија под владение на СДСМ тендери се префрлаат 3 милиони евра од ќерка на татко, се доделуваат 35 милиони евра на непознати фирми, вицепремиерот сам си префрла пари на своите фирми.

Само во Македонија се лаже дека со криминал, корупција и аздисаност може да се влезе во Европската Унија иако секој ден се повеќе се оддалечуваме.

Зоран Заев и СДСМ да не го користат референдумот како параван за колективниот грабеж кој и го прават на Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците