ВМРО-ДПМНЕ: Русковска и натаму го штити Заев по секоја цена

Од:

„Одработувањето за Зоран Заев и прикривањето на неговите криминали не се нови обврски во агендата на Вилма Русковска.

Пред да го заштити во случајот „Рекет“, Русковска го штитела и за очигледен изборен криминал, документиран со посебни истражни мерки.

Вилма Русковска и натаму го штити Зоран Заев по секоја цена. Италијанскиот медиум Ла Верита вечера објави нови докази за криминалите на Зоран Заев, докази кои ги има обвинителството, но предметот за Заев и натаму се чува во фиока. Во таа фиока има докази за изборен поткуп, закани, уцени, притисоци кои го оневозможуваат со Устав загарантираното право на граѓаните слободно да ја изразат својата волја на избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во обвинителството за организиран криминал има докази, ПИ мерки на кои се слуша гласот на аболицираниот Заев и неговиот брат Вице Заев како отворено говорат на телефон за злосторничкото здружување кое го имаат формирано, односно високо развиената мрежа за купување на гласови преку уцени и поткуп на гласачите.

По фамозната снимка во која Зоран Заев бара евро за неговиот брат, сега гледаме како тој нуди од 10 до 25 евра од глас.

Обвинителството мора да се ослободи од стегите на Зоран Заев. Предметот мора да се процесуира, бидејќи иднината на државата зависи од разрешницата на овие предмети на висока корупција. Низата на корупциски афери во кои се вмешани високи државни и партиски функционери на СДСМ, а кои немаат правна разрешница се аргумент повеќе за противниците на проширувањето на Унијата.

Правда мора да има! По 12 април доаѓа обвновата на Македонија, обнова на правосудниот систем и враќање на правдата во Република Македонија, а тогаш ќе одговраат сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои се ставија во одбрана на криминалот и корупцијата наместо да ги гонат сторителите!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски