ВМРО-ДПМНЕ: „Резултат“ од работата на Филипче се повеќе од 8 илјади починати од корона и затворени пунктови за вакцинирање кога бројката на болни енормно се зголемува

Од:

„И по две години корона пандемија Венко Филипче не успеа да го организира здравствениот систем. Резултат од неговата работа се повеќе од 8 илјади починати од корона. Со ова Македонија е на високо петто место на светската листа на починати од корона. За две години имаше само огромен број на заболени, огромен број на починати, недоволно лекови, недефинирани протоколи за лечење“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„За пет дена или од понеделникот (03.01.2022) заклучно со петок (08.01.2022) бројката на заболени се зголеми за повеќе од четири илјади лица. Или во понеделникот официјално имаше 4.817 болни, а заклучно со вчерашниот ден 9.166 болни од корона.

И ова е само официјалната статистика на министерството за здравство.

На ваква ситуација, Филипче, кој е во заминување, не мрдна со прст. Пунктовите и за тестирање и за вакцинирање се затворени 4 дена!

Но, зошто тој би се грижел дали граѓаните даваат пари за тестирање во приватни лаборатории?! На Филипче и Зоран Заев око не им трепна ниту две години за голготата која ја минуваа граѓаните, се грижеа само за тендерите.

Тешко дека и Димитар Ковачевски и неговиот тим ќе сменат нешто. Од досега виденото тој е само продолжение на заевизмот.

Ситуацијата може да се надмине само со избори, а по изборите сите што ги заборавија граѓаните и се грижеа само за личните интереси, корупција и криминал ќе одговараат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ