ВМРО-ДПМНЕ: Ременски и нејзиниот сопруг треба да си поднесат оставки за да се истражат злоупотребите кои ги имаат направено овие две години

Од:

Дали сопругот на Фросина Ременски е креаторот на фалсификуваните службени белешки со кои се вршеше политички прогон и со кои неосновано се испраќаа во притвор политичките неистомисленици? Дали сопругот на Фросина Ременски беше незаконски унапреден за седум скали нагоре само заради нејзиниот и неговиот политички ангажман? Дали Фросина Ременски предлагаше апсурдни амандмани само за да може нејзиниот сопруг да биде поставен за прв човек на безбедносните служби, иако не знае англиски јазик? Тоа ли беше причината Фросина Ременски да бара укинување на овој услов?, прашува ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Фросина Ременски.

Фросина Ременски нема никакво морално право да бара оставки од некого. Фросина Ременски и нејзиниот сопруг треба да си поднесат оставки за да се истражат злоупотребите кои ги имаат направено овие две години. Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник е уште еден класичен обид на власта за манипулација со граѓаните. Обид за замајување на јавноста со единствена цел јавноста да го занемари фактот дека до обвинителството се уште не допре гласот, за тоа како Богоевски порачува нелегална психотропна супстанца, смета партијата.

Правната држава во Македонија СДСМ ја укина,како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните не се еднакви пред законите, за функционерите од власта истите не важат. Богоевски ја потврди веродостојноста на снимката, а притоа и јавно на својот Фејсбук профил призна дека набавувал нелегална психотропна супстанца, за ваквиот негов чин тој мора и кривично да одговара.

Сепак граѓаните се свесни дека со Рускоска обвинителство и Кацарска судство, правда во Македонија не може да има. Правдата во Македонија ќе се врати моментот кога Зоран Заев ќе си замине од премиерската фотелја, ќе се врати правото кога судството ќе се ослободи од стегите на власта на СДСМ. Кога Зоран Заев ќе си замине секој кој што се огрешил пред законот од неговата криминална банда ќе одговара, а ќе одговараат и оние кои во моментов го амнестираат криминалот на власта, заклучува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски