ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкцијата на СД „Гоце Делчев“ е во тек

Од:

Во тек е темелна реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“, која се реализира етапно и во согласност со предвидената динамика, реагираат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од СДСМ дека студентите живеат во мизерни услови и небезбедно во овој дом.

„Градежните работи во рамки на првата фаза која предвидува реконструкција на блокот Б се целосно завршени, а во тек е и набавка на опрема по што, во текот на месец ноември објектот ќе биде пуштен во употреба. Во меѓувреме избрана е фирма за изработка на проетктно решение за реконструкција на останатите блокови, мензата и партерот. Целосната реконструкција ќе биде заокружена во текот на 2017 година, а ќе бидат инвестирани околу шест милиони евра“, се вели во реакцијата.

Потсетуваат и дека изградиле нови современи сместувачки капацитети, во состав на студентскиот дом „Стив Наумов“, за што се издвоени 103 милиони денари.

„Студентите и понатаму ќе бидат приоритет на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, така што продолжуваме со инвестиции во унапредување на студентскиот стандард и на високото образование, преку отворање на нови факултети и студиски програми, нови лаборатории во рамки на јавните научни и високо образовни установи, превод на литература од којашто учат и студентите на врвните светски универзитети, проширување на можностите за стипендирање и слично, за кои СДСМ никогаш не се ни сети, а не, пак, да најде време и средства да ги реализира“, се вели во реакцијата од партијата.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата