ВМРО-ДПМНЕ: Рејтинг на Спасов ги одработува тендерите и 10 милионскиот бизнис со народни пари, добиени од власта на СДС за да креира лажни вести и црн пи-ар

Од:

Јавноста треба да знае зошто СДС преку агенцијата Рејтинг на Спасов шири лажни вести, навреди, дезинформации и лаги.

Агенцијата Рејтинг на Спасов штелуваше анкети а сега преку црн пи-ар ги одработува тендерите и 10 милионскиот бизнис со народни пари добиени во време на СДС.

Спасов се стекна со 10 милионски бизнис во ек на власта на СДС добивајќи одобрение за изградба на фотоволтаична централа од 2,18 мегавати, бизнис кој годишно може да генерира и до половина милион евра, што за 20 години се 10 милиони евра.

СДС го задолжија Спасов и кога над половина милион евра тендери од разни институции водени од СДС изминативе години се слеаја кон Рејтинг на Спасов.

СДС го задолжија Спасов и кога организираше кафеански прослави
на Ковачевски за 420 илјади евра во Србија.

Кога над 420 илјади евра беа потрошени за промоција на винскиот саем во Белград, кои наместо за државно етаблирање беа искористени и за кафанските мераци на Ковачевски.

Јавноста треба да знае како функционира СДС и што всушност ги држи заедно. СДС тоне во деструктивност, СДС се служи со евтин пи-ар, Спасов глуми главен пи-ар мајстор со измислици и лаги што дополнително ги води СДС кон амбис.

На Македонија не и е потребен црн пи-ар со народни пари, пропаганда и манипулации. Време е СДС да се освести по убедливиот пораз, да ја прифати реалноста и да биде здрава и конструктивна опозиција, наведуваат од ВМРП-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?