ВМРО-ДПМНЕ: Рецепт за пропаст, Заев и Бучковски носат смрт за државата и нацијата, Филипче и Ангелов смрт за пациентите од корона

Од:

„Дури Заев и Бучковски носат смрт на Македонија, Филипче и Ангелов поради неспособноста се одговорни за катастрофалната смртност од коронавирусот. Ова за жал е рецепт за пропаст.

Дури премиерот во заминување Зоран Заев и екипата ја убедуваат јавноста дека епидемијата дека е под контрола, починаа 33 лица за само едно деноноќие, а околу 35% од тестираните се заболени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дури власта убедува дека се е под контрола бројот на заболени достигнува до 64.000 лица, а бројот на починати дојде до 1825 лица. Со оваа бројка Македонија е на врвот земји во светот по смртност на милион жители.

Власта одлепена од реалноста, наместо да носи конкретни мерки за заштита на здравјето и животите на граѓаните ги одбива и оние мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предлага. Го одбија амандманот за обезбедување средства за набавки на амбулантни возила, го одбија амандманот со кој се бараа средства за бесплатни КОВИД текстови за граѓаните.

На власта и е важно само да обезбеди привилегии на функционерите среде епидемија на сметка на граѓаните. За функционерите има бесплатни и експресни тестови, бесплатно лекување, а народот е оставен сам на себе.

Затоа народот бара оставка од Заев. Неговата неодговорна власт чини здравје и животи на граѓаните“, соопштуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија