ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски во Мексико, Николовски во Дубаи – мора да се трошат провизиите, додека луѓе умираат од корона и глад

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение вечерва обвини дека луѓе умираат поради неспособноста на власта, додека во Владата „нема кој да работи“.

Еве го во целост соопштението од партијата:

„Почитувани, мора да се трошат провизиите. Медиумите пренесуваат дека Рашковски е во Мексико, а Николовски во Дубаи, додека луѓе умираат од корона и глад. Граѓани додека умираат поради неспособноста на власта, во Владата нема кој да работи.

Нема одговор од владата за типот на патувањата и дали тоа е точно. Криминалот цвета, мафијата хара низ улиците, а не се знае дали Рашковски ужива во Мексико, а Љупчо Николовски ужива со народни пари во Дубаи. Неспособноста на оваа Влада да набави вакцини резултира со починати граѓани, резултира со тоа Македонија да е на дното на светската листа по вакцинирани лица. Според податоците на „Блумберг“, Македонија е на 118-то место од 122 држави, но за тоа време владините функционери си шетаат низ светот.

Фирми додека се затвораат, а граѓани остануваат на улица, владини функционери се луксузираат по егзотични патувања. Додека над 50.000 граѓани останаа без работа, над 500.000 граѓани преживуваат со едвај 130 денари на ден, Заев не знае кај му се функционерите по светот.

Неспособни се да водат држава, но способни се да трошат народни пари по Мексико и Дубаи. Одговорност за ваквото однесување мора да има!,“ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски