ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски се уште молчи за своето незаконско работење

Од:

„Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски се уште молчи за своето незаконско, криминално и недомаќинско работење.

И покрај тоа што Владата на Република Македонија има правна служба кој ги врши сите свои правни работи, Рашковски го ангажирал адвокатското друштво на кумашинот Дејан Костиќ кое е формирано пред само неполни два месеци, поточна на 27 јули, а по само неколку дена добива повеќе ангажмани од владини институции.

Што фрла сомнеж дека ова е намерно направено се со цел да се испумпуваат парите од државните институции и со тоа да се доведе до банкрот и целосен крах на државниот буџет.

Од она што јавноста го знае досега е дека оваа адвокатска канцеларија за неколку часови давање услуги наплаќаше неверојатни 36.788 денари како и 10.500 денари што значи класично испумпување на средствата од буџетот.

Но, почитувани граѓани ова не е единствен случај на непотизам, за скандалот да биде уште поголем, Рашковски за претседател на второстепената владина комисија за жалби ја назначи, Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска.

Третиот случај, а не и последен од низата на скандали е вработувањето по семејна линија од страна на Драги Рашковски со назначувањето на Ѓорѓи Георгиев за директор на Бирото за јавни набавки. Со ова Генералниот секретар на владата на СДС е класичен поим за непотизам.

Драги Рашковски и СДС се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост, а институциите нивни приватни фирми.
Овој бандитизам мора да заврши и ќе заврши.

Граѓаните на 15-ти октомври на претстојните локалните избори ќе кажат не на расипничка политика која ја спроведуваат СДС и Заев“, изјави Бојан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски