ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски ја поставил бабата за претседател на второстепена владина комисија

Од:

„Повторно на дело се покажа непотизмот на владата предводена од СДС. Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски ја поставил бабата за претседател на второстепена владина комисија.

Имено Елена Начевска е која е мајка на Вероника Начевска, сопругата на Драги Рашковски е избрана за претседател на Комисијата за жалби, што покажува дека непотизмот во владата на Заев и СДС добива невидени размери.

Неодговорниот и неспособен СДС ја третира државата како да е негова приватна сопственост и на скандалозен начин ги става институциите и целиот државен апарат под капата на луѓето кои се блиски до Зоран Заев.

СДС создава систем кој ќе работи единствено за нивните интереси и за луѓето во нивното опкружување. Наместо професионализација како што ветуваа сега може да видиме само партизација.

Со ставањето на партиските кадри пред професионалните СДС целосно ги уништува институциите во Република Македонија и покажува дека немаат намера да работат за доброто на граѓаните.

Јавноста претходно беше запознаена дека Драги Рашковски го ангажираше неговиот кум, адвокатот Дејан Костиќ за адвокат на Генералниот Секретаријат на владата. Со тоа кумот на Рашковски доби овластување да ги работи сите правни работи во владата, како што се кадровски смени, решенија, свикување седници, изготвување информации и да сее страв по институции и да се заканува.

Јавноста веќе се увери дека овие потези на СДС се прават единствено за богатење на фамилиите блиски до власта. Тие гледаат дека парите од секојдневните задолжувања се трошат за непотизам, исплаќање на стари долгови на Заев и партиски вработување на несоодветни партиски кадри.

СДС и Рашковски треба да се свесни дека незаконското работење и прекршување на законот ќе биде ревидирано и санкционирано. Граѓаните нема да дозволат нивните пари да бидат трошени за полнење на приватните сметки на фамилиите блиски до власта“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски