ВМРО-ДПМНЕ: Рамчиловиќ е доказ за партизираната дипломатија и како преку распродажба на државните интереси се добиваат функции

Од:

„Зекир Рамчиловиќ е доказ за партизираната дипломатија и за тоа како преку распродажба на државните интереси се добиваат функции и привилегии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со поставувањето на Зекир Рамчиловиќ за амбасадор во Црна Гора владата на СДС и ДУИ продолжува да ја понижува и деградира македонската дипломатија.

Наместо соодветен кадар кој достојно ќе ја претставува Македонија, власта за амбасадор поставува свој партиски послушник кој од дипломатија разбира само продажба на државните интереси на Македонија и преговори за фамилијарни вработувања.

Така откако гласаше за промена на името на Република Македонија, СДС прво го награди Рамчиловиќ и го стави пратеник, а потоа наградата се прошири и за неговото семејство.

Најпрвин си ја вработи сопругата на висока позиција во МВР, а потоа и неговиот син го вработи како полицаец.

Очигледно е продажбата на државните интереси има цена, а цената на Рамчиловиќ е амбасадорско место и вработувања на семејството.

Ваквите постапки на СДС и ДУИ се уште една причина зошто не смеат повеќе да останат на власт. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски