ВМРО-ДПМНЕ: Раководството на СДСМ се служи со манипулации

Од:

Луѓето во раководството на СДСМ живеат исклучиво со деструкција, манипулации, закани, гнев и омраза, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Партијата посочува дека СДСМ досега нема предложени позитивен предлог за реформа или за мерка која би им помогнала на граѓаните и оти нема поддржано ниту една инвестиција, изградба на автопат или реконструкција на училишта и болници.

– Такви луѓе никогаш не може да ја водат оваа земја. Може нивната партија и членство сакаат ваква стратегија, но најголемиот дел од народот мисли поинаку.

Мисли за доброто на државата и затоа и после нивни долги и негативни кампањи губат по повеќе од 200 илјади гласа разлика, се вели во реакцијата.

Според партијата, СДСМ шири хаос само за да не бидат прашани што направиле и каква програма создале.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски