ВМРО-ДПМНЕ: Работите што Богдановиќ ги има напишано во отчетот се негова обврска, срамота е тоа да се претставува како успех

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Саша Богдановиќ.

„Уште една трагикомична прес конференција на Саша Богдановиќ по повод една година од доаѓањето на власт на општина Центар.

Срамота е Богдановиќ да се фали дека собира отпад, дека сменил 18 метални врати, дека поставил метални столбчиња, 100 корпи за отпадоци, урбана опрема и дека ги сервисира улиците низ општината, а располага со буџет од над 20 милиони евра.

Богдановиќ мора да разбере дека работите што ги има напишано во таканаречениот отчет му се негова обврска и срамно е тоа да се претставува како некаков успех.

Финансиската подршка на новороденчињата е проект кој датира од времето на Тодоровиќ, додека реконструкцијата на градинките и на училиштата исто така биле обврска на сите градоначалници до сега.
Инспекцискиот надзор се врши селективно и само кај оние лица кои не се членови на СДСМ, додека на ист начин се доделуваат и решенијата за градба.

Богдановиќ се фали со реконструирани улици и со училиштетото кое се гради во Капиштец кои се почнати а не се довршени од неговиот претходник.

Да биде апсурдот поголем како успех за Богдановиќ е тоа што дели редовно плата во општината.

Од капиталните инвестиции што им ги ветуваше на центарци нема ниту најава дека нешто се прави. Нема почеток на гасовод, ниту на новата градинка во Маџар Маало ниту пак почеток на изградбата на новата сала на „Работнички“ниту пак изградба на стационар. Исто така нема ниту една обоновена фасадана, ниту пак вертикално зеленило на фасадите или зголемување на тревните површини на територијата на Центар.

Прес конференцијата на Богдановиќ е празна, полна со лаги и манипулации. Центарци ги препознаваат овие политки и на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на СДСМ и на градоначалникот Богдановиќ“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Стратегија Македонија 2030 со шест носечки стожери за безбедна, стабилна, економски и технолошки развиена држава

Горан Наумовски

Мицкоски од Кавадарци: Националниот идентитет не е предмет на преговори

А1он

ВМРО-ДПМНЕ на конгрес во Кавадарци, се очекува реизбор на Христијан Мицкоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДС се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот

ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДС смета дека има поголема доверба од народот, нека поднесат барање за предвремени избори

Горан Наумовски