ВМРО-ДПМНЕ: Работиме за граѓаните и државата, создаваме и градиме

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи за граѓаните и државата и ги штити нивните интереси, додека СДС е синоним за деструкција и интриги.

ВМРО-ДПМНЕ создава и гради. Креирајќи нови вредности создаваме подобра иднина за идните генерации.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во овој временски период гради 200 км гасоводна мрежа, паралелно градејќи три гасоводни линии. Скопје-Тетово-Гостивар, Штип-Неготино и Неготино-Прилеп-Битола.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги прави најголемите инфраструктурни зафати во историјата на Македонија, истовремено работејќи на три автопати, Демир Капија-Смоквица, кој е речиси финиширан, Миладиновци-Штип кој е во крајна фаза на реализација и Кичево-Охрид на кој исто така интензивно се работи. Истовремено работејќи на експресниот пат Штип-Кочани, како и Битола-Ресен-Буково.

ВМРО-ДПМНЕ посебен акцент стави на здравството и унапредувањето на здравствената заштита, при што моментално во тек е изградбата на Клиничката болница во Штип, проект кој чини вкупно 56 милиони евра, а целосно е реконструирана Клиничката болница во Битола, истовремено потпишан е договорот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје, во вредност од 72 милиони евра, кој ќе зафаќа површина од 46.987м2, а ќе има и хиподром во самиот склоп на објектот, тој ќе претставува најголем објект од таков вид во Република Македонија и ќе воспостави нови стандарди во здравственото работење во државата.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш на прво место ја имаше едукацијата и културниот развој на младите и општо на целата популација, реализирајќи го проектот превод на најдобрите „Стручни научни книги и учебници”.

Додека ВМРО-ДПМНЕ гради и создава за сите граѓани на Република Маедонија, СДС влегува во нови интриги и манипулации со ветувањата на Заев за воведување на консензуална демократија.

Додека ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина на сите, партнерите на Заев се пазарат колкав дел од Тиранската Платформа да се реализира, а колкав да остане во следната фаза.

Граѓаните гледаат што се случува и не сакаат кога некој како Заев ги влече за нос. Затоа СДС треба да собере храброст и што е можно побргу да овозможи редовни локални избори и предвремени парламемтарни, на кои граѓаните ќе можат да му кажат што мислат за сета негова деструкција и негаторски однос кон државата и нејзината иднина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС