ВМРО-ДПМНЕ: Прв кој што ја отвори вратата за дебатирање и оспорување на македонскиот идентитет е Заев

Од:

„Прифаќањето на Тиранската Платформа од страна на уценетиот Зоран Заев води во редефинирање и разнебитување на Република Македонија, која што е крајна цел на целото сценарио.

Прв кој што ја отвори вратата за дебатирање и оспорување на македонскиот идентитет, како и федерализација на Република Македонија е Зоран Заев.

Потврда дека целта на оваа Тиранска Платформа е федерализација на Република Македонија е тоа што пристигнуваат секојдневно од сите негатори на највисоките државни и национални интереси на Македонија.

Последен кој отворено зборуваше за редефинирање на Република Македонија преку оваа платформа која што ја прифати Зоран Заев е Питер Ванхауте.

Човек кој што без ниту тронка срам го навредуваше и потценуваше македонскиот народ, под маската на дипломат.

Партнерите на Зоран Заев пак секојдневно со скандалозни изјави го навредуваат и омаловажуваат македонскиот народ и држава.

Еден од најблиските партнери на Зоран Заев, Зијадин Села отворено го негира македонскиот идентитет и вели дека пред 100 години не постоеле Македонци, како и дека не ја признава и почитува македонската химна.

Зоран Заев и СДСМ ниту еднаш не ги осудија овие изјави, исто како што не ги осудија и изјавите на Трифун Костовски кој што им го одзеде правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да се изјаснуваат околу иднината на земјава.

Излез од оваа ситуација во која што Зоран Заев и СДСМ ја доведоа Македонија, е да соберат храброст и да ја отфрлат Тиранската платформа и барем еднаш да ги стават државните пред партиските интереси.

Од тука повторно го охрабруваме и повикуваме Зоран Заев да ја одбие оваа Тиранска Платформа, а доколку го стори тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе му даде поддршка да формира Влада.

Доколку пак Зоран Заев се уште смета дека елементите од Тиранската Платформа треба да се прифатат, тогаш за да не ги измами граѓаните како на последните избори, нека прифати парламентарни избори заедно со локални и нека ги вклучи елементите од Платформата во својата Програма.

На изборите кои што би се одржале граѓаните ќе можат да го дадат своето мислење за оваа Тиранска Платформа.

Ниту Зоран Заев, ниту било кој друг нема право да тргува и да се пазари со националните и државните интереси“, изјави Жаклина Пешевска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања