ВМРО-ДПМНЕ: Протестот е на народот, а кога ВМРО ќе прави протест заедно со народот, тогаш тоа ќе биде последниот ден од мафијата на Заев

Од:

„Протестот е на народот, а кога ВМРО ќе прави протест заедно со народот, тогаш тоа ќе биде последниот ден од мафијата на Заев.

Наместо да посветат внимание на решавање на проблемите СДСМ како “стрини на пазар” се расправаат кој го правел протестот.

СДСМ не го гледа дебакалот кој им се случува пред очи, од нивните грешни политики губиме цели генерации, и наместо да се потрудат да не прават грешки, за нив народот е виновен“, реагира ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ.

„Учениците и родителите се против укинувањето на учебниците и тоа СДСМ треба да го прифати како факт и да се помири со тоа. Наместо насилно спроведување на штетни политики да го повлечат законот во целост.

Не смее цели генерации да страдаат заради нечија желба за профит.

Доколку СДСМ продолжи игнорантски да се однесува и го турка на сила овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе го укини веднаш по доаѓањето на власт, а одговорност ќе има за сите, кои на штета на децата туркале други агенди“, вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина