СДСМ: Фијаско на протестите на ВМРО-ДПМНЕ против реформите во образованието

Од:

„Тотално фијаско се случи денеска на протестите на ВМРО-ДПМНЕ во неколку градови низ државата.

Со недели ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да манипулира со родителите и учениците, од белиот дворец постојано хушкаа, ширеа невистини и лажни вести, се затскриваа зад наводни граѓански иницијативи.

Денеска се покажа дека ова се протести на ВМРО-ДПМНЕ на кои освен членови и симпатизери на партијата, немаа никаква поддршка од јавноста“, велат од СДСМ.

„Граѓаните, учениците и нивните родители не подлегнаа на манипулациите од белиот дворец и упатија јасно порака дека не им веруваат на лажните вести пласирани од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново се поразени од граѓаните на кои им е совршено јасно дека се што прави опозициската партије се деструкции, лажни вести и одбрана на криминалот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ преку своите коалициски партнери се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден

А1он

Кузеска: Анкетата на Брима потврди, СДСМ е победник на локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на Предлог-законот за Академија на судии и јавни обвинители

Арсовски: Три нови докази дека тендерот во ЈП Водовод бил наместен

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бил предупреден за лошиот квалитет на модуларните болници, но не реагирал

ВМРО-ДПМНЕ: Аман Дуле не го брани Шилегов, штотуку призна кривично дело

Ана Ололовска