ВМРО-ДПМНЕ: Прославата чинеше многу помалку од парите кои ги украдоа Зоран и Вице Заев и луѓето околу нив кои се сега во владата

Од:

„Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чинеше многу помалку од парите кои ги украдоа Зоран и Вице Заев и луѓето околу нив кои се сега во владата. Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чинеше милион пати помалку од сите матни тендери во РЕК Битола и рекети, за кои имаше кривични пријави за Вице од кои исчезна неговото име“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Прославата на ВМРО-ДПМНЕ чинеше многу помалку од туцето пари кое Ден Дончев го ставаше во торба, а нема одговорност.

Настанот чинеше неколку пати помалку од парите кои Драги Рашковски ги собра за мекици.

Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чини и многу помалку од парите од местените тендери за бандери по општини од нивните поранешни градоначалници.

СДСМ се нервозни затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат реализирано 1090 проекти за 100 дена, 166 капитални објекти, 33 градинки, 68 училишта, 206 улици и патишта.

СДСМ се нервозни затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ