ВМРО-ДПМНЕ: Пропаднат и фалсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните и одговорност за Заев

Од:

„Пропаднат и фалсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните и одговорност за Зоран Заев, затоа е потребно повлекување на законот и целосен консензус.

Законот за попис власта го донесе на насилен и криминален начин со злоупотреба на европското знаме. Стандардите за спроведување на овој попис кој што Собранието го донесе имаат застарена методологија и не се усогласени со стандардите на ООН и стандардите на Евростат“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев сака да спроведе попис со кои што однапред се договорени резултатите од овој процес.

ВМРО-ДПМНЕ силно се спротивстави на ваквиот закон за попис, бидејќи овој процес нема да биде статистичка операција туку политичка операција и резултатот од овој попис се веќе договорени проценти од партиите на власта. За тоа говори и членот во законот каде што се предвидува двоен потпис за верификација или признавање на пописот, по неговото спроведување.

Од страна на СДСМ и Зоран Заев не беше прифатен ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак беше прифатен предлогот за време на пописот да се користат терминали за отисоци на прст

На граѓаните на Република Македонија не им треба политички попис, туку операција со вистински статистички бројки кои иднина ќе ги отсликуваат економските, социјалните стратегии за развој на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на попис на населението и домаќинствата кои што ќе има вистинска рефлексија на демографските состојби во Македонија

Го повикуваме претседателот Стево Пендаровски, барем еднаш да испадне од сенката на Зоран Заев и овој штетен закон за попис да не го потпише.

Доколку Пендаровски го потпише овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни и институционални механизми за да се спречи одржување на овој политички процес, наречен попис“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик