ВМРО-ДПМНЕ: Промената на името и двојазичноста се хипотеки на Заев заради кои доби власт

Од:

„Борбата на ова генерација е со црнилата кои надвиснаа над Македонија, црнила олицетворени во криминалната и одродена власт на аболицираниот Заев. Истиот оној Заев кој со 81 глас во Собранието го погази гласот на 2 милиони граѓани, Заев кој го промени името, идентитетот, јазикот и историјата на македонската држава и сопствениот народ.

Борбата на генерацијата е со црнилата на Заев, кој насила ја турка двојазичноста во Македонија и Законот за јазици кој е спротивен на македонскиот Устав.

Промената на името и двојазичноста се хипотеки на Заев заради кои доби власт без изборна победа и со погазување на волјата на граѓаните. Заев не им вети на граѓаните променето име на државата, Устав, двојазичност. Заев не им вети црнила на граѓаните, не им вети повисоки давачки кон државата, криминални тендери и грантови, Кацарска судство и Рускоска обвинителство.

Животот дојде за малкумина од врхушката на власта и СДСМ, оние кои ги испумпуваат буџетски средства, оние кои се богатат на грбот на македонскиот граѓанин и се одржуваат на власт благодарение на поразите кои и ги нанесуваат на Република Македонија.

Предвремените парламентарни избори се единствен начин на кои што македонските граѓани можат да ги поразат црнилата олицетворени во криминалната и одродена власт на чело со аболицираниот Заев. Граѓаните на предвремените парламентарни избори ќе ја донесата зората, ќе ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, поддршка за вистински реформи, проекти, нови работни места, подобар животен стандард за граѓаните, подобро здравство и образование, во Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање