ВМРО-ДПМНЕ: Програмата на Петров не постои

Од:

Програмата за која зборува господинот Андреј Петров не постои. Досега никој не ја видел, ниту е испечатена, ниту е објавена некаде, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Карпош.

– Андреј Петров измислува проекти кои никаде не се напишани, немаат рок за реализација, ниту знае колку тие чинат. Андреј Петров треба да знае дека програма не се прави за три дена и не се прави во партиски штаб. Наместо да ја спасува кариерата на неговиот лидер Црвенковски и да не убедува дека локалните избори се незначајни, тој требаше да ги праша граѓаните што им е потребно, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека е единствената партија која за сите општини нуди програми со конкретни рокови на реализација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?