ВМРО-ДПМНЕ: Проектот топлификација во Битола е обмислен, предложен и обезбеден во време на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на средбата на Зоран Заев со преставниците на КФВ Банка

„СДС ги потценува граѓаните зошто мисли дека имаат кратко паметење и нема да се сетат дека проектот топлификација Битола е обмислен, предложен и за кој се обезбедени пари преку КФВ Банка во време на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС нема свои и се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, со што ја покажува својата безидејност и неспособност. Сега иститот проект кој го напаѓаа и го оценија за нефункционинален го превземаа и се фалат.

Проектот изградба на системи за топлификација во Битола, Новаци и Могила е започнат уште во 2013-та година кога е изработена студија за проектот, во периодот од 2014 до 2015 е изработена проектна документација, која беше услов за земање на заемот од КФВ банката. Целата подготовка овозможи во декември 2015-та година владата на ВМРО-ДПМНЕ да потпише и договор за заем од германската КФВ Банка.

СДС цели 6 месеци нема направено ништо во насока на реализација на овој проект, за кој се обезбедени финансиски средства и истиот сега се користи од крајно популистички причини презентирајќи го како свој проект создавајќи димна завеса за затскривање на агендата за распродажба на националните интереси, промена на името на државата, воведување на двојазичност, пропаднатите Фени, Колска и Ерукомпозит, но и пропаднатите ветување за 1500 евра плата за лекарите, нереализираното покачување на пензиите и многу други ветувања кои издишаа како балони.

Граѓаните не се со кратко паметње и нема да наседнат на нивните лаги“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ