ВМРО-ДПМНЕ: Притворот за уставобранителите мора да биде прекинат

Од:

„Притворот за уставобранителите мора да биде прекинат, а политички монтираното обвинение за тероризам да биде повлечено. Мора да престанат изживувањата во Истражниот затвор преку нехуманите услови во кои се држат притворените.

Не постои никаква правна основа, ниту какви било аргументи да се бара продолжување на притворот или продолжување на истрагата за измисленото обвинение со кое за терористи беа прогласени уметници, оперски пејачи, режисери, актери, архитекти, доктори, пратеници, полициски службеници и многумина други чиј единствен грев е љубовта кон Македонија.

Јавното обвинителство наместо по закон работеше по насоките на хунтата. Целиот случај за наводен тероризам е монтиран за потребите на хунтата.

Дејствијата кои ги превзема Јавното обвинителство се нелогични и неаргументирани. Не е исполнет ниту еден услов за да се бара и изрече мерката притвор.

Неправедно притворените ниту се криеја, ниту се впуштија во бегство. Тие 8 месеци твореа и ги извршуваа своите секојдневни активности.

Второ, неправедно притворените ниту влијаеле, ниту помислиле да влијаат врз кои било сведоци. Зарем некогаш Дурловски, Јовановски, Илиевски или кој било од притворените некому му се заканувал или некој мисли дека тие би се заканувале?

Трето, неправедно приведените никогаш не сториле ниту прекршок, а не пак некое кривично дело. Хунтата сега им монтира тероризам, но кој терористички акт или какво насилно уривање на уставниот поредок би можеле да сторат кога најопасното оружје што партиската хунта го пронајде кај нив беа мобилни телефони и по некој лаптоп со нивните креации?

Целиот случај е чист политички прогон, реваншизам и одмазда кон сите кои не се согласуваа со антидржавните политики на хунтата на Заев и тоа гласно го говореа.

Ниту еден од трите услови за мерката притвор не е исполнет.

Затоа притворот не смее да биде продолжен.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.

2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.

3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе блокира четири крстосници во градот Скопје од 15 до 17 часот:

– Крстосницата кај Соборен Храм
– Крстосницата кај „Мавровка“
– Крстосницата кај „Нова Македонија“
– Крстосницата кај Црвен Крст

ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе организира и протест во 18 часот пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“ каде ќе има повеќе обраќања пред присутните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ