ВМРО-ДПМНЕ: Притисоците на преварантот Заев кон пратеници се потези на очајник

Од:

„Преварантот Зоран Заев е изворот на кризите и проблемите во Македонија. Тој не може веќе да биде ниту решение. Неговото заминување е неопходно за подобро на Македонија. Неговиот збор видовме дека не вреди, тој освен што е губитник е и класичен измамник“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Последните обиди за притисоци и непристојни понуди кон пратениците кои се потпишаа на иницијативата за гласање на недоверба на владата се само сламка за спас на Заев и екипата околу него. Тоа се потези на очајник.

Граѓаните јасно му порачаа на последните избори дека се за промени и ваквите злоупотреби нема да му помогнат, туку само уште повеќе ќе го зголемат незадоволството на народот.

Заев не може да ја држи Македонија во заложништво заради фотеља и политичка кариера. Тие се веќе завршени.

На народот му е јасно како бел ден дека со Заев и СДСМ на власт ќе продолжат да тонат во криза, економска, здравствена, енергетска.

Мотивот на тие кои се потпишаа на иницијативата е да се исполни волјата на граѓаните.

Помина времето на лагите, заплашувањата и притисоците на преварантот Заев.

Доаѓа времето нова власт да се справува со проблемите и да донесе нова и подобра иднина за Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ