ВМРО-ДПМНЕ: Притисоци врз народот има и тоа директно од Зоран Заев

Од:

„Прес конференција на Дамјан Манчевски беше уште еден доказ како врхушката на СДСМ ги покрива сите притисоци кои ги вршат врз граѓаните.

Притисоци врз народот на Република Македонија има и тоа директно од Зоран Заев.

Заев, отворено на митинг повика бизнисмените со пари да ги мотивирале вработените да гласаат на референдумот, посочувајќи една компанија чиј сопственик веќе му ветил дека ќе го стори тоа.

Во правна држава, досега Заев досега ќе беше повикан на разговор и против него ќе имаше истрага.

Очигледни се и секојдневните притисоци по државните и јавните институции за кои говорат безброј докази.

Никој не смее и не може да ги натера граѓаните против своја волја, со поткуп, со измама или принуда, да излезат и да гласаат за капитулантската спогодба која Заев ја потпиша со Грција.

Секој кој се огрешува кон законите во Република Македонија, за секој криминал ќе одговара откако СДСМ ќе си замине од власт и ќе се врати правната држава“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ