ВМРО-ДПМНЕ: Принципот на СДСМ „едно евро за“… продолжува

Од:

„Принципот на СДСМ „едно евро за“… Продолжува. Матните зделки и тендерите во четири очи се главното обележје на владеењето на СДСМ како на централно така и на локално ниво. Шилегов за жал не е исклучок.

Дали Шилегов однапред го знае добитникот на милионскиот тендер за набавка на автобуси?

Очајна е фарсата со потпишаните меморандуми за пробно возење на автобусите, а сомнежот за потенцијална коруптивна зделка е огромен.

Шилегов мора да запре со замајувањето на јавноста со вакви квази проекти од кои корист можеби би имал само тој лично, мора да ги засука ракавите и да се фати за работа. Тој мора да започне со остварување на предизборните ветувања кон гласачите.

Шилегов мора да одговори и на прашањето во чија сопственост е возилото Ауди кое било оштетено, за кое МВР тврди дека е негово? Шилегов во својот анкетен лист го нема пријавено ова возило. Кој лаже, дали Шилегов или МВР? Или можеби тој се стекнал со ова луксузно возило за време на неговиот краток градоначалнички мандат?“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изјавата на Светлана Колариќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски