ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Прилепчани не веруваат во лажните ветувања на СДСМ

Од:

„Нервозата на СДСМ поради внатрепартиските кавги и поделби, независни советнички листи од нивни видни функционери како и слабиот рејтинг на партија, како во Прилеп така и ширум државата резултира со вчерашното напуштањето на седницата на Советот на општина Прилеп. Со тоа советниците од СДСМ не ја оправдаа довербата што им ја довериле гласачите да ги штитат нивните интереси.

– Дали СДСМ и нивниот кандидат за градоначалник веќе го прифатија изборниот пораз? Или со напуштањето на седницата на која што се донесе буџетот на општината за 2013 година, СДСМ признава дека и сами не веруваат во сопствените предизборни проекти и јавно признаваат дека истите се нереални и неизводливи? Доколку беа сериозни во намерата за реализација на истите и во истите веруваа очекувано беше да поднесат амандмани на буџетот за реализација на нивните фамозни ветувања, гасификација и 500 акумулации, што гордо ги најави Хари Локвенец.

– Почитувани социјалдемократи, да се биде на Власт е многу сериозна и одговорна работа и затоа граѓаните очекуваат судир на концепти и идеи, реални проекти, чесно и посветено работење а со цел подобрување на нивниот живот.

– Токму затоа прилепчани не веруваат во вашите лажни ветувања, а Прилеп нема време за губење на експерименти и невозможни проекти. ВМРО–ДПМНЕ продолжува со работа, чесно и посветено со цел исполнување на се она за што сме дале збор пред граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија