А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Благодарение на владата на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Ристески во Прилеп се донесени 3 странски инвестиции

by А1он21/08/2017 - 14:57185
Share0

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на СДСМ Прилеп.

Добивај вести на вибер

„Срамота е како партија која е на власт да држите прес-конференција со две реченици. За овие Ваши две реченици со аргументи можеме да зборуваме 200 дена.

Благодарение на заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот Ристески и општина Прилеп се донесени 3 странски инвестиции во нашата општина. Во Гентерм и Акомпласт има 1300 вработени, а се очекува да достигнат 2000. Само пред месец дена е ставен камен темелникот на новата странска инвестиција WIK која ќе генерира нови 2000 вработувања.

Исто така, со средства од буџетот на општина Прилеп се отворени и локални индустриски зони за локалните инвеститори, каде веќе се отворени првите објекти. Овие заложби резултираа со зголемување на бројот на вработени од 15.000 во 2006 година на 22000 во 2017 година.

Добро е да ги видите условите за работа и инвестициите во здравство, образование, како и инфраструктурните проекти реализирани во овие години во Прилеп. Граѓаните на Прилеп и Р. Македонија препознаваат кој работи во интерес на граѓаните, а кој во 3 месеци ја распродаде државата?! Граѓаните знаат дека СДС како и во минатото кога биле на власт го стопираа зголемувањето на пензиите, покачувањето на платите, ја стопираа реализацијата на сите тековни проекти.

Најголемите злодела за прилепчани се случени во времето кога СДС биле на власт. Во тоа време се уништи здравството, образованието, се затворија фабрики. СДС генерираше најголема невработеност. На 15-ти Октомври граѓаните ќе пресудат на овие штетни политики кои ги води Владата на СДС.

prilepvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен