• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пријателката на Боки 13 наводно се разболе дента кога беше обелоденета аферата

by А1он19/07/2019 - 10:04303
Share0

„Кој лаже, тој и краде, а Катица Јанева и лаже и краде исто како нејзиниот ментор Зоран Заев.

Добивај вести на вибер

Пријателката на притворениот рекетар Боки 13, наводно се разболе дента кога беше обелоденета аферата за рекетарскиот политичко-судско-медиумски октопод на СДСМ. На Јанева не може да и се верува и затоа надлежните мора да испитаат дали го фалсификувала или злоупотребува боледувањето.

Во Република Македонија владее рекетарска, корумпирана и криминална влада. Со СДСМ и Заев правото и правната држава го допреа дното.

Јавноста мора да знае кои се Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите и дали овие лица се високи претставници во СДСМ како што се зборува и само поради тоа се амнестираат од одговорност?

Зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева? Дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази кои утврдуваат нејзина директна вмешаност и зошто за неа се уште нема мерка притвор поради можност за влијание на сведоци, повторување на делото или бегство“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мора да се спроведе детална и сериозна истрага кој се е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО, бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран Милески Кичеец значи заштита на главата на октоподот и другите инволвирани во оваа рекетарска приказна.

СЈО, СДСМ и Заев ја девалвираа правната држава и институциите. Правото и правдата мора да важат подеднакво за сите. Секој што се огрешил пред законот мора да одговара.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш проширување на истрагата и притворање на Катица Јанева поради можност за бегство, влијание врз сведоци од позиција на Специјален јавен обвинител и уништување на докази.

Правото и правдата мора да владеат во Република Македонија, а тоа е можно само доколку криминалниот картел наречен СДСМ и Заев си заминат од власт и веднаш распишат предвремени парламентарни избори“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 12:25

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 11:56

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен