ВМРО-ДПМНЕ: САД и ЕУ не изнесоа факти, туку политичка проценка за изборите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ смета дека не е точно дека не постојат услови за фер и демократски избори. Точно е само дека не постои подготвеност на СДСМ да излезе на избори, затоа што е свесна дека ќе ги загуби бидејќи ја нема поддршката од народот. Точно е и дека заради тој страв СДСМ сака пролонгирање на кризата и СДСМ е подготвена на се за да го направи тоа.

Претставниците на САД и ЕУ не презентираа ниту еден сериозен и кредибилен аргумент во прилог на тезата за неподготвеноста на Република Македонија за избори со што е јасно дека станува збор за проценка базирана на политичка одлука, а не факти. Во претходните денови, во интензивната комуникација со нив, на сите нивоа, како политичко, така и техничко, се уверивме дека нема валидни аргументи за одложување на изборите. Затоа вчера ја повикавме Државната изборна комисија, партиите и засегнатите меѓународни претставници на јавна дебата. Затоа Претседателот на ДИК вчера се криеше и избегнуваше средба во текот на целиот ден.

Ваквите состојби може да ја воведат земјата во нови проблеми и наместо кон излез од кризата да ја однесат кон нејзино продлабочување, спротивно од тоа што го очекуваат граѓаните и од политичките чинители во земјава и од меѓународната заедница.

СДСМ е единствената опозиција што се гордее дека измолила негативен извештај кај меѓународните претставници со кој би го аргументирала бегството и стравот од соочување со граѓаните на избори. СДСМ никогаш не дошла на власт со програма и проекти и знаат дека не можат да го сторат тоа. Единствениот начин што им преостанува е преку деструкција, подметнувања и оцрнувања на сопствената земја и институции што е можно подолго, технички да останат во Владата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот