• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Претходната влада остави сума од 180 милиони евра во буџетот

by А1он05/06/2017 - 19:07199
Share0

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение во врска со првата седница на новата Влада.

Добивај вести на вибер

„СДС денес призна уште една своја голема лага со која ги манипулираше и плашеше граѓаните: дека во буџетот на Република Македонија немало пари и дека Македонија е пред економски колапс.

Во буџетот има средства кои владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги остави. Се работи за сума од 180 милиони евра, од кои околу 50 ќе одат за исплата на земјоделски субвенции.

За споредба, владата на СДС во 2006-та година во буџетот остави само 3 милиони евра, но и десетици извршни решенија од изгубени судски рочишта со што ја блокираше тогаш новата влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес на своите фејсбук профили гордо со исплатените субвенции за земјоделците, пензиите и стипендиите на студентите се пофалија членови на владата и парламентарната група на СДС.

Сите овие проекти ВМРО-ДПМНЕ ги третираше како проекти и реформи од највисок интерес. Земјоделски субвенции во време на СДС немаше воопшто, а во изминатите 10 години на земјоделците им се исплатени повеќе од 1 милијарда евра. Подигнати се значително и пензиите и стипендиите за студентите.

Проектите и реформите што ги реализираше владата на ВМРО ДПМНЕ се од полза на сите граѓани и заради тоа најголем дел од нив и во декември гласаа за програмата „Реално“. Со постизборна измама СДС успеа да обезбеди мнозинска поддршка, така што граѓаните сега од нив очекуваат не само да се фалат со проектите отпочнати и реализирани од ВМРО ДПМНЕ туку да ги остварат ветувањата за изградба на нови 500 километри автопат, просечна плата во висина од 30 000 денари, 16 000 денари минимална плата и 100.000 денари плата за докторите“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

Горан Наумовски23/01/2026 - 12:38

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:40

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:0620/01/2026 - 09:07

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он17/01/2026 - 16:3317/01/2026 - 18:49

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:2208/01/2026 - 14:55

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

Горан Наумовски05/01/2026 - 15:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен