А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудите за 27 април се драконски и нарачани од ликови како Заев и Пендаровски

by А1он18/03/2019 - 08:49263
Share0

„Целиот процес поврзан со случувањата на 27-ми април е политички монтиран и мотивиран. Пресудите се драконски и нарачани од ликови како Заев и Пендаровски кои сопствениот очај го лечат со одмазда кон сите кои мислат поинаку и не се согласуваат со нивните антидржавни политики.

Добивај вести на вибер

Судот противзаконски ги определи и притворите на обвинетите во случајот 27-ми април. Правен преседан од светски рамки е да се определува притвор, при важечка гаранција.

Судот постапи спротивно на член 144 став 2 од ЗКП, кој вели дека судот може да определи две мерки, освен кога определува притвор. Законот е јасен, притворот за Митко Чавков и останатите лица кои претходно имаа изречено мерка за обезбедување присуство – гаранција е незаконски.

Обвинетите со ниту една постапка, во ниту еден момент не биле недостапни за судот. Дел од нив имаат високи гаранции кои го опфаќаат целиот нивен имот, тие се семејни луѓе со деца, сопруги и стари родители. Мерката притвор е целосно незаконска и неоснована.

Кацарска судството и Русковска обвинителството целосно ги извршуваат нарачките на Заев, кој преку правосудството врши политички прогон врз неистомислениците.

Постапката против десетици македонски припадници на безбедносните сили и патриоти е неаргументирана и без докази.

Во пресудата исчитана од Русковска немаше елементи на кривичното дело тероризам, ниту докази за поврзаноста и причинско последичните врски помеѓу делото и обвинетите. Пресудата е чист политички памфлет на лик на соопштенијата на СДСМ.

Кацарска судството и Русковска обвинителството не работат согласно закон, работат по диктат. Незаконието мора да запре, затоа потребно е победа над СДСМ на предвремени парламентарни избори, кои се возможни со победа на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

27 aprildpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен