ВМРО-ДПМНЕ: Парламентарни и локални избори во ист термин

Од:

„Предвремените парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните се најдоброто решение за излез од актуелната состојба. Државата нема да има преголеми дополнителни трошоци, а граѓаните ќе добијат можност да се изјаснат околу тиранската платформа која беше ставена на маса после декемвриските избори.

Сеалбанската платформа беше потпишана на Божиќ, 07-ми јануари во Тирана од страна на лидерите на албанските партии во Македонија. Веднаш потоа стана услов за формирање на идната тиранска влада и беше прифатена од страна на СДСМ и Зоран Заев.

Еден месец претходно, на декемвриските избори, граѓаните ниту беа информирани, ниту беа прашани што мислат за промена на банкнотите, официјализирање на албанскиот јазик на целата територија, носење на резолуција за геноцид врз Албанците и низа други скандалозни одредби кои ги содржи тиранската платформа.

Затоа граѓаните сега се чувствуваат измамени. Затоа граѓаните сега се револтирани.

СДСМ е уценета партија. Нејзиното раководство е фатено во криминал до гуша. Знаат дека има докази и за поткупот на аболицираниот Зоран Заев и за изборните измами и нерегуларности на Оливер Спасовски и за кириите на Радмила Шекеринска. Злосторничкото здружение во врвот на СДСМ знае што правело и во случајот „Цареви Кули“ и со „Струмица Гас“ и со стотици тендери во општина Струмица преку кои незаконски се богатело.

Тоа е главната причина заради која се согласуваат да менуваат и знаме и химна и грб. Тоа е главната причина поради која СДСМ подлегнува на уцените и прифаќа да ги менува банкнотите, униформите и да ги осуди партизаните и Република Македонија дека вршеле геноцид врз Албанците.

Криминогеното раководство на СДСМ е исплашено дека ќе одговара за криминалите. Криминалците и треба да се плашат дека ќе одговараат. Секој што работел незаконски мора да се соочи со законот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи некој да тргува со државните и националните интереси само за да се спаси од кривична одговорност“, изјави Драган Данев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски